Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека Русија разгледува можност за увоз на гориво по прифатливи цени како мерка за стабилизирање на домашниот пазар и ублажување на ненадејниот раст на побарувачката.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека какви било договори за увоз на гориво по прифатливи цени би претставувале дополнителен чекор кон стабилизирање на рускиот пазар.
„Доколку се постигнат договори за снабдување со гориво по прифатливи цени, тогаш тоа ќе се случи. Тоа ќе биде уште еден чекор кон стабилизирање на пазарот“, рече портпаролот на Кремљ, објави ТАСС.
Според него, целта на таквата мерка би била да се ублажи ненадејниот раст на побарувачката и да се придонесе за постабилно снабдување со гориво на пазарот, пренесува Танјуг.







