Државниот архив со јавен повик: Подарете архивски материјали од историско значење

Макфакс

29/06/2026

14:10

200

Големина на фонт

а а а

Државниот архив повикува граѓаните и приватните иматели да донираат архивски материјали со историска вредност за долговечно зачувување и користење во научни истражувања.

Државниот архив објави јавен повик до граѓаните и приватните иматели да подаруваат архивски материјали од историско значење, со цел нивно трајно зачувување и ставање на располагање за научни истражувања.

Од Архивот посочуваат дека се бараат документи и друга архивска документација што има значење за националната и локалната историја, како и за политичкиот, стопанскиот и културниот живот во минатото.

Подарениот архивски материјал ќе биде соодветно заштитен, стручно обработен и ќе се користи за научни и истражувачки цели. Од него ќе се формираат архивски фондови кои ќе им бидат достапни на идните истражувачи.

Сите заинтересирани може да се обратат на телефонскиот број 02 3237 211 локали 121 и 122, директно во Државниот архив, Кеј „Димитар Влахов“ бр. 19 во Скопје или на следните e-mail адреси: ljupka.andov@arhiv.gov.mk; marjan.gijovski@arhiv.gov.mk. Информации за подарување архивски материјал може да се добијат и во одделенијата на Државниот архив во Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес и Куманово, чии контакт-информации може да се најдат на веб-страницата www.arhiv.mk.