Почувствуван земјотрес во Гостивар, Тетово и околината

Макфакс

29/06/2026

06:53

1.877

Големина на фонт

а а а

Во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес со магнитуда ML3.0 во регионот на Тетово и Гостивар, според Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје. Земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил регистриран во околината и двата града.

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.