Од утре дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

Макфакс

29/06/2026

12:00

323

Големина на фонт

а а а

Од утре па се до сабота времето во повеќе делови од земјата ќе биде нестабилно, со дожд, грмежи и силен ветер, со локални невремиња и пад на температурите во текот на викендот.

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта, информира УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и појава на град.

Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.