Ѓорѓиевски најави уредување на просторот кај МАНУ

Макфакс

29/06/2026

13:40

197

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави уредување на просторот околу зградата на МАНУ со цел да се добие достоинствен и репрезентативен изглед што ѝ прилега на оваа значајна национална институција.

Градоначалникот на Град Скопје

Орце Ѓорѓиевски, најави уредување на просторот околу зградата на МАНУ.

Поддршка за МАНУ

МАНУ е една од најважните и највредните институции во Македонија, дом на науката, уметноста, знаењето и мислата што ја движи државата напред. Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, извршивме обиколка на просторот околу седиштето на оваа значајна институција. Како Град Скопје, ќе дадеме поддршка во уредувањето на просторот, со цел овој дел да добие достоинствен, убав и репрезентативен изглед каков што ѝ прилега на институција од вакво национално значење“, објави Ѓорѓиевски.

Значај на институциите

Додава дека институциите што го чуваат знаењето, идентитетот и културната меморија на Македонија заслужуваат почит, грижа и вистинско внимание.