Системот „Безбеден град“ покажува значително намалување на загинатите во сообраќајни незгоди откако беше имплементиран, со фокус на заштитата и безбедноста на граѓаните преку нови технологии и проширување на системот во повеќе градови.
Системот „Безбеден град“ дава резултати. Во првите пет месеци од примената на системот бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период минатата година, на 33 оваа година, изјави Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„До моментот кога започна целата примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се стабилизираше на околу 500 до 600, што претставува намалување од над 99% во споредба со првиот ден од пробната фаза. Главната цел на „Безбеден град“ е да се спасуваат човечки животи, да се намали бројот на тешки сообраќајни незгоди и до 2030 година да се преполоват смртните случаи и сериозните повреди на патиштата“, рече Велјановски.
Проширување на системот
Потсети дека системот првично беше воведен во Скопје, Тетово, Куманово и на коридорите 8 и 10, а потоа се имплементираше и во Велес.
Минатата недела беа поставени камери на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца, додека паралелно започна и неговото постепено воведување во Охрид.
Посветеност кон безбедноста
„Најважно од се е што денес зборуваме за резултати, а не за ветувања. Во првите пет месеци од примената на системот бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период минатата година, на 33 оваа година“, рече Велјановски и додаде дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат конкретни резултати.
Тој најави дека Владата ќе продолжи со проширување на системот „Безбеден“ град и со инвестиции во современи технологии кои ја унапредуваат јавната безбедност, затоа што безбедноста на граѓаните нема алтернатива.











