[ФОТО] „Зарем тоа е таа? Викторија Бекам изненади со издание во какво речиси никогаш не ја гледаме

Точка

28/06/2026

11:15

833

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам со години важи за една од најдобро облечените жени во светот и е вечна модна инспирација.

Нејзиниот моден печат речиси секогаш е ист: беспрекорно дизајнирани костуми, долги панталони со широки ногавици, миди-фустани со едноставни линии и неутрална палета на бои.

Токму затоа нејзиното последно појавување во лондонскиот Нотинг Хил не помина незабележано.


Поранешната членка на „Спајс Грлс“ и успешна модна дизајнерка била снимена како излегува од салонот на познатата ѕвезда во светот на убавината, Керен Бартов, чии третмани редовно ги избираат бројни холивудски ѕвезди пред најважните настани како Оскарите, Мет Галата и Златните глобуси.


Бартов го носи прекарот „шепкачка на кожата“, а позната е по персонализираните третмани што комбинираат повеќе напредни технологии за да го подобрат тонусот, текстурата и сјајот на кожата.

Меѓутоа овој пат вниманието не го привлече нејзиниот третман за убавина, туку модната комбинација на Викторија.


Пресврт во однос на нејзиниот препознатлив стил

Викторија избрала лежерна комбинација која значително се разликува од нејзините вообичаени деловни изданија. Наместо елегантен костум или макси-фустан, се појавила во црна маичка, хеланки и Најк патики, како и качкет.

Такви комбинации Викторија инаку избира многу ретко. Во последните години речиси стана синоним за тивок луксуз — естетика што се темели на врвен крој, луксузни материјали и ненаметлива елеганција.


Нејзините колекции, но и приватните изданија, ја одразуваат токму таа филозофија: функционална гардероба што изгледа луксузно без потреба од впечатливи логоа или трендовски детали.

Иако овојпат посегнала по полежерни парчиња, Викторија не се откажала од естетиката по која е препознатлива. Комбинацијата остана монохроматска и без непотребни детали.

Овојпат покажала дека дури и кога ја напушта својата модна зона на комфор, останува верна на она што најдобро го знае — едноставен, префинет и ненаметлив стил.