Активни два пожари кај Трубарево и Опаје, во Велес е изгаснат

Макфакс

27/06/2026

15:00

164

Големина на фонт

а а а

Два активни пожари се регистрирани на отворен простор кај Трубарево и Опаје, додека пожарот во Велес е веќе изгаснат. Се опожарени ниска вегетација, шума и жито, а надлежните информираат за состојбата.

Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито.

Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата „Димко Најдов“ опожарена била ниска вегетација.