Меџити: Заврши асфалтирањето на улицата Фан С. Ноли

Макфакс

26/06/2026

17:40

179

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити објави дека е завршено асфалтирањето на улицата Фан С. Ноли што значајно ги подобрува патната инфраструктура и безбедноста во сообраќајот за локалните жители.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршено асфалтирањето на улицата „Фан С. Ноли“, инвестиција која, според надлежните, ја подобрува патната инфраструктура и ја зголемува бездбедноста во сообраќајот за жителите.

„Секоја завршена улица е чекор кон пофункционален и побезбеден Чаир за граѓаните. Со вакви инвестиции продолжуваме да го подобруваме квалитетот на животот во секое маало“, истакна Меџити.

„Општина Чаир останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти кои секојдневно го подобруваат животот на граѓаните“.