[ВИДЕО] Позитива на денот: Победничкото ѕвонче повторно заѕвони на Детска клиника - Малата Ана ја победи болеста

Макфакс

26/06/2026

17:37

469

Големина на фонт

а а а

Победничкото ѕвонче на Универзитетската клиника за детски болести зазвони во чест на Ана, која успешно го заврши своето лекување. Овој симбол ја претставува детската храброст и посветеноста на здравствените работници.

Победничкото ѕвонче повторно заѕвони на Универзитетската клиника за детски болести, овојпат во чест на Ана, која успешно го заврши своето лекување.

За радосната вест информираше Министерството за здравство, од каде посочија дека секое ѕвонење на победничкото ѕвонче е симбол на детската храброст, семејната љубов и посветеноста на здравствените работници.

Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја помина и ја освои една од најтешките битки“, соопшти Министерството.

Оттаму на Ана ѝ посакаа многу здравје, среќа, насмевки и безгрижно детство.

„Браво, Ана! Твојата победа денес е радост за сите нас“, порачаа од Министерството за здравство.