Вардар ги доби ривалите за групната фаза на ЛШ

Дерби

26/06/2026

12:49

466

Големина на фонт

а а а

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 ги дозна ривалите за групната фаза на Лигата на шампионите, натпреварување во кое „црвено-црните“ се враќаат по пауза од неколку години.

Од оваа година има 24 екипи во оваа фаза, во шест групи по четири клуба. Двократниот европски шампион за противници доби клубови од Франција, Германија и Полска, односно тоа се Нант, Мелсунген и Висла Плоцк.

Мелсунген е состав со кој Вардар играше минатава сезона во Европската лига, клуб кој ја освои титулата и преку тоа се избори за место во ЛШ. Нант и Висла пак се екипи кои се редовни, ама не се недопирливи што значи дека избраниците на Чупиќ имаат противници со кои можат да се надигруваат.

Прво и второпласираните екипи од шесте групи продолжуваат во главната рунда најелитното европско клупско натпреварување.

Трето и четвртопласираните не ја завршуваат европската сезона, туку ќе продолжат во елиминациите од Лигата на Европа.