Роден е пред 48 години, а тврди дека престанал да старее пред три децении бидејќи биолошката возраст на неговиот организам е како да е 18-годишен млад човек. Милионерот Брајан Џонсон ги открива деталите од неговиот животен стил, тврдејќи дека неговата генерација би можела да биде првата што ќе живее значително подолго од која било претходна, благодарение на научниот напредок.
„Ние сме првата генерација што нема да умре. Буквално. Не планирам да умрам“, изјавил тој во интервју објавено на социјалната мрежа „X“, наведувајќи ги следните детали:
„Хронолошки, имам 48 години, но мојата кардиоваскуларна кондиција е на ниво на осумнаесетгодишник, мојот капацитет на белите дробови е како оној на момче на таа возраст, теломерите и хромозомите се како оние на 18-годишник. Моето тело функционира како на осумнаесетгодишник во многу аспекти.“
Bryan Johnson says this is the first generation that won’t die
— Third (@thirdmetax) June 22, 2026
“We are the first generation that won’t die, like actually won’t die, I don’t plan on dying”
“I’m chronologically 47, but biologically my cardiovascular abilities are age 18, my lung capacity is age 18, my telomeres… pic.twitter.com/y8qfdE4rPV
Постојано нагласувајќи дека неговата телесна состојба е како да има 18 години, тој објасни како биолошката возраст може да се разликува од вистинската, хронолошка возраст. „Затоа велам дека здравјето треба да биде приоритет. Разликата помеѓу здрав и нездрав живот е поголема отколку што мислат повеќето луѓе“, нагласил тој.
Овој милионер верува дека напредокот во биотехнологијата и растечкото разбирање на човечкото тело би можеле значително да го продолжат животниот век на луѓето. Во последниве години, тој го претвори своето тело во еден вид експеримент, со цел да го забави стареењето.

Неговата исхрана е строго контролирана, Џонсон секојдневно следи бројни здравствени параметри и се подложува на разни третмани и терапии. Таквата програма е позната како „Проект Блупринт“, а чини околу два милиони долари годишно.
Од една страна, тој верува дека развојот на медицината, биотехнологијата и вештачката интелигенција еден ден би можеле значително да го продолжат човечкиот живот, научниците истакнуваат дека во моментов нема докази дека е можно да се избегне стареењето или да се постигне бесмртност кон која се стреми Брајан Џонсон.
Иако неговиот режим е исклучително скап, постојат и совети што ги споделува, кои се базираат на навики достапни за повеќето луѓе. Тој ги навел квалитетниот сон, континуираното вежбање, исхраната богата со интегрални намирници и избегнувањето на пушењето и други навики што можат да му наштетат на здравјето како важни предуслови за долговечност.
Тој нагласил дека спиењето е „најмоќниот лек на светот“ и препорачал да се легнува приближно во исто време секоја вечер, по можност пред полноќ, и да се избегнува користење на модерни уреди, како што се мобилните телефони, најмалку еден час пред спиење.
Тој препорачува лесна активност по оброците, како што се одење, редовно истегнување и тренинг за сила, за одржување на мускулната маса.
Неговите совети вклучуваат пиење многу течности, изложување на утринското сонце за витамин Д и заштита на кожата за време на најсилната сончева светлина во денот. Тој исто така нагласил дека менталното здравје е исклучително важно, па затоа охрабрува редовно дружење со пријателите и умерено користење на социјалните мрежи.
Иако нема докази дека одредени навики можат да го спречат стареењето, експертите се согласуваат дека овој начин на живот може да придонесе за здравјето и да го намали ризикот од бројни болести.











