Тешко повреден велосипедист по удар од возило

Макфакс

25/06/2026

14:30

254

Големина на фонт

а а а

Во Скопје на булеварот Киро Глигоров се случи сообраќајна несреќа во која велосипедист се здоби со тешки телесни повреди откако беше удрен од патничко возило. Се изврши увид од страна на полицијата.

Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“, на спојување од влез-излез од објект, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(33) од Скопје и велосипед управуван од М.М.(45) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.