Шпанскиот репрезентативец, Марк Кукурелја се враќа дома и во натпреварувачката 2026/2027 ќе го гледаме во дресот на Реал Мадрид.
Тој ја прифати понудата која пристигна од кралскиот клуб или поточно пресече и ја напушти Англија каде настапуваше од 2021 година, прво во Брајтон, а потоа и во Челси.
Марк ќе има задача да донесе цврстина на левата бековска позиција, односна страна на теренот за која верува дека ќе има добра соработка со Винисиус Жуниор.
- Мислам дека ќе се сложуваме добро. Не ми е гајле ако не се врати, ќе правам сè што не сака. Додека е доволно решителен и свеж за да постигнува голови, јас ќе ја завршам валканата работа. Винисиус покажа дека е клучен и влијателен играч во кампањите на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, - вели Кукурелја за „Марка“.







