Нејмар се расплака по кам-бекот во бразилската репрезентација: Му благодарам на Бог…

Дерби

25/06/2026

12:05

402

Големина на фонт

а а а

Бразил ја совлада Шкотска со 3-0 и како првопласирана репрезентација од својата група оди во нокаут фазата на Светското првенство.

Винисиус Жуниор и Куња беа стрелци на погодоците, но тие паднаа во сенка на Нејмар кој по долго време одново го видовме во дресот на „кариоките“.

Напаѓачот доби шанса во 76 минута што за него беше прв настап во националниот дрес по 2023 година или поточно по пауза од 981 ден. Емоциите беа присутни, па Неј се расплака по последниот судиски свиреж на натпреварот во Мајами.

- Плачев во соблекувалната, да. Му благодарам на Бог што можам да ѝ помогнам на мојата земја, пресреќен сум“, изјави Нејмар.