Се шири вирално видео од Џеј-Ди Венс и неговото однесување кон сопругата: „Се молам ваквата љубов никогаш да не ме пронајде“

Кармин

24/06/2026

18:12

834

Големина на фонт

а а а

Начинот на кој американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја поздравил својата сопруга Уша во нејзината YouTube емисија предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде гледачите го опишаа неговиот гест како невообичаен и непријатен.

Венс гостувал во емисијата на својата сопруга „Storytime with the Second Lady“, која беше емитувана на 22 јуни.

Емисијата е замислена како неделен формат кој, според описот на авторите, треба да ја поттикнува љубовта кон читањето кај децата. Во секоја епизода Уша Венс угостува гости кои со неа читаат и разговараат за детски книги.

Необичен поздрав во емисијата

Во воведот на епизодата, Уша Венс го претставила својот сопруг и се обратила кон гледачите.

„Од лично искуство знам дека денешниот гостин сака да чита на деца. Тоа е затоа што секој ден го гледам како чита книги на нашите деца“, рекла таа. Потоа додала: „Денешниот гостин е мојот сопруг, потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс.“

Следела нивната средба пред камерите. Уша, која видливо е бремена, му се заблагодарила за доаѓањето, на што Венс одговорил: „Секако, драго ми е што те гледам“, со насмевка. Потоа накратко ја потапкал по коленото.

Уша потоа кратко застанала, па продолжила со разговорот, замолувајќи го сопругот на помладите гледачи да им објасни со што се занимава.

Поделени реакции на интернет

Иако остатокот од емисијата помина мирно, тој момент брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика расправи.

„Дали се згрчи кога ја потапка по коленото?“, напиша еден корисник на платформата X. „Дали само што ја потапка како куче?“, праша друг. Третиот коментираше: „Предупредување за срам. Кој, бре, вели ‘Драго ми е што те гледам’ на својата бремена сопруга?“, а четврта напиша: „Нека никогаш не ме пронајде ваквата љубов.“


Од друга страна, дел од гледачите застанаа во одбрана на парот и порачаа дека на ситуацијата ѝ се придава премногу внимание. „Можеме ли едноставно да ги оставиме Џеј Ди Венс и Уша на мир?“, напиша еден корисник.

Други додадоа дека станува збор за безопасен момент меѓу сопружници и дека јавноста претерано го анализира нивниот однос.





Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk