Џон Вол беше последниот прв пик на драфтот кој го бираше Вашингтон Визардс во 2010-та година, а 16 години подоцна, „волшебниците“ добија шанса први да бираат млада кошаркарска надеж.
НБА драфтот се одржа во раните утрински часови и дознавме дека Вашингтон го избира првиот пик, а тоа е Еј Џеј Дибантса кој беше број еден во колеџ кошарката изминатава година.
За време на својата една и единствена сезона на универзитетот БЈУ, Дибантса во просек бележеше по 25,5 поени, 6,8 скокови и 3,7 асистенции по натпревар, а просекот на шут од игра му беше 51 проценти.
Младиот Американец има само 19 години и сега ќе се придружи на проектот од кој дел се Тре Јанг, Ентони Дејвис и Алекс Сар, па очекувањата на Визардси се со ова засилување да бидат далеку поконкурентни во најсилната конкуренција.
За втор пик на драфтот рано утрово беше избран Дарин Питерсон од Универзитетот Канзас, а тој заврши во Јута Џез. Третиот пик го бираше Мемфис Гризлис, а станува збор за Камерон Бузер.
Every pick from the first round of the 2026 NBA draft 👏 pic.twitter.com/p0PPC1Fh1r
— ESPN (@espn) June 24, 2026







