Белингам брутално искрен по наградата која ја доби од ФИФА: Ова признание требаше да биде за некој друг

Дерби

24/06/2026

10:46

265

Големина на фонт

а а а

Англија одигра прескромен натпревар против Гана и не успеа да го скрши бедемот пред голот на африканската селекција, а реално гледано, не ни заслужи со оглед на тоа што беше крајно резервирана до самата завршница.

Избраниците на Томас Тухел се разбудија во финишот и во три наврати се заканија преку Сака, О’Рајли и Кејн, но во таа ситуацијата и среќата им го заврте грбот, бидејќи ударот на Нико заврши во гредата.

Играчите на Гана успеаја да го сочуваат својот гол и останаа сериозно во игра за нокаут фаза, па затоа по натпреварот малку чудеше фактот што за играч на натпреварот беше избран Џуд Белингам.

Англиската ѕвезда беше приморана да позира со признанието од ФИФА во своите раце, но самиот Џуд призна дека таа награда не требала да заврши во негови раце.

– Мислам дека оваа награда ја заслужи некој од ривалите. Ако бидам искрен, јас не го заслужив ова, најреално ќе беше ако завршеше во рацете на некој од ривалите кои одлично се бранеа, – изјави Белингам.