Невил посакува германски репрезентативец во Јунајтед: Изгледаше како да има апсолутно сè…

Дерби

23/06/2026

14:44

268

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед работи на тоа да донесе неколку засилување на средината на теренот, а едно од нив дефинитиивно ќе биде бразилскиот репрезентативец Едерсон кој ќе пристигне од Аталанта.

Меѓутоа тоа треба да биде само почеток и додека се лицитира со неколку имиња, некогашниот ас на „црвените ѓаволи“ Гери Невил го советува клубот да размисли за една опција.

На Невил му се допаѓа германскиот репрезентативец Феликс Меча кој игра одлично на СП, а особено се истакна против Брегот на Слоновата Коска каде веројатно беше и играч на натпреварот иако таа награда поради двата гола заврши кај Дениз Ундав.

- Колку повеќе игра како што играше, толку поскап ќе биде. Но, во моментов, слушаме дека на Манчестер Јунајтед нуди 100 милиони фунти за играчот од Вест Хем, Фернандеш, па ќе мора да го разгледаат овој турнир и делови од Европа. Изгледаше извонредно пред некоја вечер, изгледаше како да има апсолутно сè, - порача Невил.

Феликс може да покрие повеќе позиции и има договор со Борусија Дортмунд до 2030 година.