Џенас има идеално засилување за Арсенал: Зубименди е пристоен играч, но…

Дерби

23/06/2026

11:22

298

Големина на фонт

а а а

Арсенал како и голем број од клубовите засега е доста мирен на трансфер пазарот, односно како сите да го чекаат крајот на Светското првенство за да се впуштат во посериозна акција.

„Топчиите“ сега го имаат статусот на актуелни англиски шампиони и актуелни вицешампиони на Европа, но за да се остане на врвот мора да се продолжи со добрата и квалитетна работа, а и воедно да се донесе свежа крв.

Поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Џенас има интересен предлог за Микел Артета и тоа засилување на средината на теренот од ривал од Премиер лигата-Сандро Тонали од Њукасл.

- Според мене Сандро Тонали е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата. Тој имаше прекршок, се врати и мислам дека неговиот став од тој момент па натаму беше брилијантен. Тој е диктатор на играта; тој го одредува темпото и тонот секој пат кога игра. Истото го правеше и кога беше во Милан.

- Кога го гледам средниот ред на Арсенал, никогаш не бев целосно убеден од Мартин Зубименди, ако сум искрен со вас. Мислам дека тој е пристоен, солиден играч, но Тонали дефинитивно би бил на ниво погоре во тој среден ред покрај Деклан Рајс. Иако сум малку изненаден што фокусот на Арсенал не е повеќе насочен кон иднината од тоа. Не мислам дека нивниот среден ред е ужасен – го имате младиот Мајлс Луис-Скели кој има способност таму да игра.

- Значи, Тонали е одличен играч и тоа би бил добар трансфер, но не мислам дека тоа е токму она што им е очајно потребно. Сепак мислам дека им треба вистински, одличен напаѓач и специјалист на позицијата лево крило,  -смета Џенас кој исто верува дека на Арсенал му е потребен играч од типот на Маркус Рашфорд.

- Мислам дека плачат за некој со неговите атрибути од таа лева страна, - вели Англичанецот.