Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии, прашуваат од СДСМ

Макфакс

22/06/2026

17:10

605

Големина на фонт

а а а

Министерката за финансии Кочоска потврдува дека во буџетот нема пари, а опозициската партија СДСМ предупредува на зголемување на дефицитот и последици за платите, пензиите и граѓаните.

Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци, велат од СДСМ.

„Со ребалансот, како што најави Кочоска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот.
Ова е потврда на се што СДСМ говори.
Ветуваа намален буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината“.

Според нив, ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните.

„Буџетот го претворија во приватна каса за своите криминални тендери. Продлабочувањето на дефицитот значи само едно – следуваат нови задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги.
Ветуваа дека ќе го намалат јавниот долг, а наместо тоа за две години го зголемија за над 2,5 милијарди, со што нивото на јавниот долг достигна скоро 11 милијарди евра“.

Вистината, додаваат од СДСМ, е дека овие пари не отидоа ниту за повисоки плати, ниту за мерки за граѓаните, ниту за компаниите, ниту за капитални инвестиции – завршија во криминалните партиски тендери на криминалната ВМРО.

Како што оценуваат од оваа партија, по две години, по сите триумфалистички изјави на ВМРО за наводен економски раст и успешни економски политики, денес, како што велат, вистината сите ја гледаат и чувствуваат. „Со Мицкоски и ВМРО економијата оди кон пропаст“.