Семејно насилство во тетовско: Ја тепал сопругата и ѝ заканувал со нож дека ќе ја убие

Макфакс

22/06/2026

15:40

159

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка и предложи притвор за жител од тетовско поради сериозни закани и физичко насилство врз сопругата и неговата мајка. Инцидентот вклучува закани со нож и телесни повреди, по што обвинителството побара соодветна кривична постапка.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста како и телесна повреда.

„На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.