[ФОТО] Славната пејачка објави досега невидени фотографии од гламурозната венчавка: Втората венчаница е неверојатна

Точка

21/06/2026

08:45

1.405

Големина на фонт

а а а

Пејачката Дуа Липа конечно објави компилација од фотографии од нејзината раскошна свадба во Италија, а нејзината венчаница беше сон од соништата.

Да ве потсетиме дека Дуа Липа и Калум Тарнер официјално станаа маж и жена на почетокот на јуни, а општинската венчавка се одржа во Лондон - опкружени со семејство и блиски пријатели.


Набргу потоа, двојката организираше, па можеме да кажеме вистинска фиеста во Италија, која не наиде на одобрување од локалното население.

И покрај многуте италијански негодувања, двојката договори втора венчавка, а Дуа имаше уште една венчаница што одговараше на разиграниот дух на „долче вита“ на Италија. Таа ги објави фотографиите на Инстаграм, а сега за првпат имавме можност да видиме како изгледаше нејзината втора креација.


Според „Вог“, пејачката ги положила сите свои надежи во модната куќа „Шанел“ и нивниот креативен директор Метју Блазио, а судејќи според фотографиите, брендот ги исполнил сите нејзини очекувања.

Дуа носеше структуриран бел фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ја истакнува нејзината витка фигура. Декориран е со отворен грб со софистицирани синџирчиња и впечатливи детали - реси кои придонесуваат за впечатокот на стариот холивудски гламур. Изданието го комплетираше со едноставна фризура и ненаметлива шминка во земјени тонови кои само малку ја нагласуваа нејзината природна убавина.


Нејзините бројни обожаватели веднаш реагираа на објавата и уште еднаш, по којзнае кој пат, ѝ честитаа на пејачката за новото поглавје во нејзиниот живот.