Во Скопје се одржа осмото издание на Скопје Прајд под мотото „Сите нека знаат“, каде учесниците испратија пораки за еднаквост, видливост и почитување на човековите права, со посебен фокус на предизвиците со кои се соочува ЛГБТИ+ заедницата.
Под мотото „Сите нека знаат“, денеска во Скопје се одржа осмото издание на Скопје Прајд. Учесниците на маршот испратија пораки за еднаквост, видливост и почитување на човековите права.
Според организаторите, ЛГБТИ+ заедницата и понатаму се соочува со дискриминација, стигматизација и чувство на несигурност, особено кај младите лица поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет.
Организатор на настанот е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Оттаму порачаа дека Парадата на гордоста и годинава е повик за почитување на човековите права, достоинството и еднаквите можности за сите граѓани.






