[ВИДЕО] Силно невреме со град ги погоди Австрија и Словенија

Макфакс

20/06/2026

20:30

784

Големина на фонт

а а а

Силно невреме со грмежи и град погодило делови од Австрија и Словенија, предизвикувајќи аларми и штети, додека прогнозите најавуваат продолжување на топлотниот бран во регионот.

Силно невреме со град ги погоди Австрија и Словенија

Силни грмежливи бури проследени со град денеска погодија повеќе делови од Австрија, а невремето подоцна се префрли и во Словенија.

Во Австрија беше издаден црвен аларм за неколку покраини, а пожарникарите интервенирале на бројни локации. На некои места паѓал толку силен град што земјата за кратко време побелела како под снежна покривка.

Невремето потоа ја зафати словенечка Корушка и делови од Штаерска. Во Марибор силниот ветер урнал дрво, а штети биле пријавени и во неколку општини.

Словенечката Агенција за животна средина издаде портокалово предупредување за североисточниот дел од земјата поради можни силни ветрови, поројни дождови и град.

И покрај невремето, прогнозите најавуваат продолжување на топлотниот бран. Температурите во Словенија во наредните денови ќе достигнуваат и до 36 степени, а значително освежување не се очекува до почетокот на јули.