Денес кафето се подготвува за неколку секунди, со притискање на копче или со отворање на кесичка.
Но, порано, почетокот на денот имал целосно поинаков ритам. Пред да зоврие водата во ѓезвето, од кујната се слушаше вртењето на рачката на рачниот млин за кафе.
Рачниот млин за кафе беше еден од оние предмети кои не се истакнуваа посебно, но без него многу домови не можеа да си го замислат утрото. Стоеше на полицата, во креденецот или покрај шпоретот, подготвен да ги сомеле зрната кафе за првата утринска шолја.
Во горниот дел се ставаа зрната, рачката се вртеше, а во малата фиока се собираше свежо меленото кафе. Тој мирис, велат оние што го паметат, се ширеше низ куќата уште пред кафето да биде сварено.
Da li znate čemu ovo služi? pic.twitter.com/eDGqG1Jv5l
— Moodri oblak ☁️ (@loodioblak) October 4, 2022
„Ние го имавме кај баба, никој не смееше да го фрли“, е еден од коментарите што често може да прочитаат кога на социјалните мрежи ќе се појави фотографија од ваков предмет.
Други се потсетуваат дека како деца сакале да ја вртат рачката, иако тоа брзо им станувало напорно.
На помладите денес овој предмет често им делува како украс, кутија за ситници или дел од стариот мебел. Поради металната рачка и малата фиока, многумина не би погодиле веднаш дека станува збор за направа за мелење кафе.
Сепак, постарите генерации веднаш го препознаваат. За нив тоа не е само кујнска алатка, туку спомен на времето кога кафето беше вистински ритуал, се вареше полека, во ѓезве, и се послужуваше со разговор. Сосетката би навратила „на кратко“, а би останала еден час.
Со кафето се прераскажуваа новости, се гледаа серии, се чекаа вести и се договараа работи.
Рачниот млин денес веќе не е неопходен, но многумина и понатаму го чуваат. Некој како спомен на кујната на баба му, некој како ретро декорација, а некој уште повремено го користи бидејќи тврди дека кафето сомелено на тој начин има посебен мирис.







