Лионел Меси испиша нова историја на фудаблските мундијали и стана најдобар голгетер во друштво на Мирослав Клосе, учинок до кој стигна благодарение на страшното издание против Алжир.
На стартот на својот шести мундијал во кариерата, Меси уште еднаш потврди дека е еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот, но неколку легендарни имиња веќе немаат дилеми и го искачуваат Аргентинецот на врвот на пиедесталот.
Бразилецот Роналдо јасно нагласи дека веќе никој не треба да се крие и да го споредува Меси со било кој друг играч во историјата на фудбалот, а во тој правец оди и пораката на еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња.
Паоло Малдини очигледно остана воодушевен од мастеркласот на Меси и трите постигнати гола против Алжир, па на социјалните мрежи објави слика од него и испрати коментар со шест зборови.
– Не се потребни зборови: Едноставно најдобриот!








