На Ајуб Буади доволни му беа 90 минути за да се претстави на најдобар можен начин на светската спортска јавност, иако онаа од Франција и од претходно беше запознаена во квалитетите на талентираниот играч за врска.
Фудбалерот кој до пред неполни три месеци настапуваше за француската селекција до 21 година, во април направи избор да ги брани боите на Мароко во ситуација кога беше игнориран од Дидие Дешамп, а уште на дебито на мундијалите покажа дека станува збор за еден од најголемите фудаблски потенцијали во светот.
Буади импонираше со својата смиреност и техниката која ја прикажа на пресметката против Бразил, но за неговите соиграчи од Лил, неговиот квалитет не е никакво изненадување.
Искусниот Оливие Жиру можеше да ужива во развојот на Буади изминатава година, а легендарниот француски напаѓач сега типуваше во кој клуб ќе заврши неговиот соиграч по крајот на мундијалот.
– Во Лил често знаеме да го исмеваме за дефиницијата која ја има пред противничкиот гол, нависитна има лоша завршница. Тој е тип на играч кој потсетува на Бускетс и знаеме дека ќе биде многу тешко да остане во Лил. Според мене може лесно да игра во Реал Мадрид следната сезона, сигурен сум дека ќе платат за него повеќе од 70 милиони евра, – изјави Жиру.







