Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Макфакс

18/06/2026

09:01

200

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана Владо Мисајловски учествува на важни состаноци во седиштето на НАТО во Брисел каде се дискутира за зајакнување на колективната одбрана, развој на вооружени сили и подготвување за Самитот на НАТО во Анкара.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет.

Како што соопштија од Министерството, на состаноците ќе се разговара за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, распределбата на одговорности во командните структури на НАТО, како и за претстојниот Самит на НАТО во Анкара.

Министерот Мисајловски освен на главната сесија на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот на Групата за нуклеарно планирање, како и Контакт-групата за Украина.