Уапсен возач од Кичево, возел пијан и предизвикал сообраќајка

Макфакс

18/06/2026

11:10

190

Големина на фонт

а а а

Во Кичево уапсен е возач кој управувал автомобил под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. По извршен алкотест, на лице му биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување моторно возило.

На 17.06.2026 на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници го уапсија од слобода М.Ц.(62) од Кичево.

Со автомобил „шевролет“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода и по извршено алкотестирање кај него се измерени 1,56 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичен законик – „Безобѕирно управување моторно возило“.