Дејви Чејс почина во вторникот како последица на менингитис и инфекција на крвта. Според нејзиниот партнер, таа имала сепса, која потоа предизвикала откажување на органите.
Поранешната детска ѕвезда Дејви Чејс, најпознат по улогата на Самара Морган во хорор филмот „The Ring“ и по гласот на Лило во анимираниот филм на Дизни „Lilo & Stitch“, почина на 35-годишна возраст, пишува „TMZ“.
Причина за смртта
Нејзиниот партнер Рој Хернандез за „TMZ“ изјавил дека Дејви починала во вторникот од менингитис и инфекција на крвта. Според него, имало сепса, која потоа предизвикала откажување на органите.
Според истиот портал, актерката била хоспитализирана во Лос Анџелес претходно овој месец поради неухранетост.

Таа стана позната како девојка од хорор филмови и глас од цртаните филмови. Дејв многу рано се проби во Холивуд, дури и како дете.
Таа го позајми гласот на главниот лик Лило во хитот на Дизни „Lilo & Stitch“ од 2002 година, како и во подоцнежната телевизиска серија. Таа го позајми гласот и на ликот Чихиро Огино во американската синхронизација на култниот анимиран филм „Spirited Away“.

Обожавателите на хорор филмови ја паметат најмногу по улогата на Самара Морган, морничавата негативка во филмот „The Ring“ од 2002 година. Таа улога ѝ ја донесе и наградата на „MTV“ за најдобар негативец.
Од 2006 година, таа имаше редовна улога во серијата на HBO „Big Love“, која го следи животот на фундаменталистичко полигамно мормонско семејство. Во текот на пет сезони, таа ја играше Ронда Волмер во 32 епизоди.
Таа се појавиво уште многу познати филмски наслови...
Низ годините, Дејви имала неколку конфликти со законот, за што претходно известуваа американските медиуми.









