Макрон: Кога Трамп нешто ќе вети, тој го исполнува тоа

Макфакс

17/06/2026

20:10

238

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека отсекогаш одржувал дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп и дека има доверба во него.

„Секогаш му кажував како стојат работите. Кога не се согласуваме, тоа го признаваме, но кога нешто ќе вети, тој го исполнува тоа“, рече Макрон на прес-конференција за време на самитот Г7 во Франција.

Францускиот лидер ги отфрли критиките дека е премногу помирлив кон Трамп, нагласувајќи дека секогаш бил јасен кога станува збор за несогласувањата околу Украина и Гренланд.

Макрон истакна дека дипломатијата подразбира разговор и со лидери со кои не се согласувате целосно, додавајќи дека Франција знае како да ги пречека своите гости и дека Версај е важен дипломатски инструмент.

Тој го посочи и прашањето за вештачката интелигенција, оценувајќи дека без директен дијалог со Трамп и неговиот тим можело да дојде до дополнителни тензии меѓу сојузниците.