Домот на културата во Кавадарци со изложба и промоција на книга

Макфакс

17/06/2026

20:40

184

Големина на фонт

а а а

Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци организира два важни настани до крајот на неделата: мултимедијална изложба „Оган“ на Бојана Ариновска и промоција на наградениот роман „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска.

Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат два настани до крајот на оваа недела. Во четврток, на 18 јуни 2026, од 20.30 часот, во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена мултимедијална изложбаОган“ на Бојана Ариновска.

За самата изложба авторката вели “Оган за мене не е само тема туку и состојба низ која поминувам. Тој е повик кон будење, кон соочување со сопствената сила, но и со сопствените стравови. Тоа е патување од надворешното кон внатрешното, од видливото кон она што се чувствува, од формата кон суштината. Овој циклус се создаваше речиси две години и беше длабоко личен процес, исполнет со прашања, отпор, прифаќање и трансформација.

Во петок, на 18 јуни 2026, од 13 часот, во Галеријата при Домот на културата во Кавадарци, ќе биде промовиран наградениот “Роман на годината 2025“, Станува збор за еден од најнаградуваните македонски романи “Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска. Промоција на “Роман на годината“ во Кавадарци се случува по седми пат, на задоволство на Фондацијата “Славко Јаневски“ која ја доделува по 27 пат наградата и кавадаречкиот Дом на култура “Иван Мазов – Климе“, како домаќин на официјалната промоција по доделувањето минатиот месец во Скопје.

На промоцијата покрај претставници на Фондацијата “Славко Јаневски“ ќе присуствува и говори и авторката Оливера Ќорвезировска, секако со мала дружба со читателите и нејзини посвети на делото.