Русите подготвуваат револуција во автоиндустријата: Погледнете кој модел сакаат да го пласираат на пазарот

Точка

17/06/2026

12:59

707

Големина на фонт

а а а

Рускиот производител на автомобили „Москвич“ планира да ја прошири својата понуда со влез во сегментот на хибридни возила. Според информациите што ги пренесува рускиот весник „Комерсант“, првиот хибриден модел на овој бренд би требало да се појави во текот на 2027 година.

Генералната директорка на компанијата, Елена Фролова, потврди дека развојот на хибриден „Москвич“ е во план, но засега не открива технички детали ниту информации за конкретниот модел кој прв ќе добие нов погонски систем.

Фабриката „Москвич“ во последните години произведува автомобили во соработка со кинеските производители „JAC“ и „SAIC“, чии модели ги склопува и продава под сопствениот бренд. Така, на пример, кросоверот кој на одредени пазари се продава како „MG HS“, во Русија се произведува под името Москвич M70, а токму овој модел веќе има и хибридна верзија.


Во понудата веќе има и електричен модел

Во понудата на компанијата веќе се наоѓа и електричниот автомобил Москвич 3е, но според пишувањата на руските медиуми, интересот на купувачите за овој модел останал прилично скромен. Трговците наводно сè уште ги продаваат резервите на возила произведени во текот на 2023 и 2024 година.

Најавата за хибриден „Москвич“ доаѓа во период кога и другите големи руски производители се обидуваат да го фатат чекорот со глобалните трендови во автоиндустријата.

Така, и „АвтоВАЗ“ неодамна објави дека развива сопствен хибриден SUV, чиј прототип исто така би требало да биде претставен во 2027 година.


Обид за намалување на заостанувањето зад светските производители

Дали двата проекта навистина ќе стигнат до сериско производство засега не е познато, но јасно е дека руската автомобилска индустрија се обидува да одговори на сè поголемата побарувачка за електрифицирани возила и да го намали заостанувањето зад водечките светски производители.

Хибридните технологии и електричните модели стануваат сè поважен дел од глобалниот автомобилски пазар, а руските производители очигледно сакаат да обезбедат свое место во оваа брзо растечка индустрија.