Новиот електричен SUV ја освојува Европа: Повеќе од 10.000 продадени возила за само два месеци

Точка

15/06/2026

18:29

550

Големина на фонт

а а а

„BMW“ ги започна испораките на моделот „iX3“ во Европа во март, а до крајот на април беа продадени 10.299 возила.

Новиот „BMW iX3“ бележи одлични резултати на европскиот пазар. Електричниот SUV од втората генерација достигна повеќе од 10.000 продадени примероци за само два месеци, со што стана еден од најуспешните нови електрични модели во премиум сегментот.

„BMW“ ги започна испораките во Европа во март, а до крајот на април беа продадени 10.299 возила. Со тоа, „iX3“ го надмина „Polestar 4“, кој во истиот период оствари 8.925 регистрации, иако е присутен на пазарот подолго време.

Моделот се доближи и до „Audi Q6 e-tron“, кој во првите четири месеци од годинава забележа 12.536 продадени примероци. Сепак, „Audi“ бележи пад на продажбата од 23 проценти во споредба со истиот период минатата година, па „BMW“ наскоро би можел да ја преземе предноста.

На почетокот на годината, „BMW“ соопшти дека собрал повеќе од 50.000 нарачки за новиот „iX3“. Поради огромната побарувачка, компанијата дури воведе и дополнителна смена во фабриката во Дебрецин, Унгарија.


Интересно е што секој трет купувач на новиот „iX3“ претходно не поседувал возило од марката „BMW“, што покажува дека електричниот SUV успешно привлекува возачи од конкурентските брендови.

Испораките на моделот наскоро започнуваат и на пазарите во Соединетите Американски Држави и Азија, каде што „BMW“ очекува продолжување на силниот раст на продажбата.

Доколку актуелниот тренд продолжи, „iX3“ би можел да стане еден од најзначајните електрични модели во понудата на „BMW“ и сериозен конкурент на останатите премиум електрични SUV возила на глобалниот пазар.