Анри воодушевен од најголемиот јунак во досегашниот тек на мундијалот: Фудбалот не е само за стрелците и суперѕвездите!

Дерби

16/06/2026

14:04

531

Големина на фонт

а а а

Жозимар Дијаш беше фудаблски анонимус до пред 24 часа и малку кој беше запознаен со приказната на 40-годишниот голман на Зеленортски Острови, кој после сензационалната партија против Шпанија, стана хит број еден на социјалните мрежи.

Милиони фудбалски фанови го пребаруваа неговото име и популарниот „Возиња“ доби милиони следбеници на социјалните мрежи во период од само неколку часа, но истовремено придоби и големи фудбалски симпатии од познати имиња, меѓу кои и она на Тјери Анри.

Француската легенда испорача низа комплименти за Возиња како коментатор на „Фокс Спротс“, при што се обиде да ја долови вистинската убавина на мундијалите и фудбалската игра.

– Луѓето мислат дека фудбалот е само за стрелците и суперѕвездите, но не е така. Ќе се случи ноќ како оваа со Возиња кога 40-годишен голман станува најубава и најголема приказна на Светско првенство. Не само што ги бранеше ударите на Шпанија, Возиња спречи прослава на цела нација во Шпанија. Секоја одбрана изгледаше подобра и поголема од претходната.

– Иронично е тоа што пред овој натпревар, многумина не знаеја ниту за кого станува збор. 90 минути подоцна, целиот фудбалски свет го пребарува неговото име. Милионите следбеници кои ги доби, доволно говори за влијанието кое го имаше оваа партија. Модерното време нуди вакви ситуации, а тоа е така поради партијата која никој не може да ја игнорира. Шпанија има играчи од топ класа, но денеска сите зборуваме за голманот кој има 40 години. Тоа е убавината на фудбалот, една ноќ, една добра претстава прават цел свет да го дознае вашето име, – изјави Анри.