Пике: Кукурелја ја премина црвената линија…

Дерби

16/06/2026

07:45

1.306

Големина на фонт

а а а

Марк Кукурелја изненадувачки прифати да биде дел од новиот проект на Реал Мадрид кој ќе го предводи Жозе Мурињо на кого ова ќе му биде втор мандат на „Бернабеу“.

Левиот бек е дете на Барселона, ја мина популарната школа Ла Масија, изјавуваше дека е навивач на клубот за да сега повлече потег со кој го навлече гневот во Каталонија.

Жерард Пике како човек кој многу добро знае што значи Барселона го критикуваше Кукурелја за кого смета дека ја преминал црвената линија со потписот за лутиот ривал.

-Помина низ Ла Масија, како дете го носеше грбот на Барселона, учеше за вредностите на клубот и многу добро знае што значи Барселона за милиони навивачи ширум светот. Токму затоа ова уште повеќе боли. Играч кој доаѓа од Ла Масија многу подобро го разбира ривалството. Ако пораснеш во академијата на Барселона, а потоа го избереш Реал Мадрид, не можеш да очекуваш поддршка.

-Ла Масија е повеќе од фудбалска школа, таа е идентитет. Можеш да си заминеш од Барселона, но да потпишеш за Реал Мадрид откако си израснал во Ла Масија? За многу навивачи тоа е преминување на црвената линија. Луѓето можат да избираат што сакаат, но вистинскиот ‘Куле’ не заборава од каде потекнува“, заклучи Пике.