[ВИДЕО/ФОТО] Сакал тајно да внесе злато во Македонија: На Блаце падна шверц вреден 1,5 милиони денари

Макфакс

16/06/2026

13:27

617

Големина на фонт

а а а

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење на златен накит во вредност од 1,5 милиони денари на граничниот премин Блаце, при што беше откриено кршено злато и златен накит скриени во возилото на македонски државјанин.

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари.

Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, извести Царинската управа.

При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со намера да ги криумчари, ги завиткало во црна ќеса и ги сокрило во фиоката под возачкото седиште.


Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителот И.М. поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти Царинската управа.