„Игралиштето ‘Патрик’ оставено целосно да пропадне“: Советничката група на Левица со иницијатива за негова итна санација

Макфакс

16/06/2026

09:10

295

Големина на фонт

а а а

Советничката група на Левица во Општина Аеродром ја критикува локалната власт поради неодржување и пропаѓање на игралиштето „Патрик“. Тие бараат итна санација поради безбедносниот ризик што го претставува за децата во општината.

„Локалната власт во Аеродром уште еднаш ја покажа својата негрижа кон најмладите. Иако уште во ноември 2025 година Општината соопшти дека игралиштето „Патрик“ е небезбедно, го стави вон употреба и вети дека за брзо ќе биде поправено. Но, и по повеќе од шест месеци од ветената санација нема ни трага ни глас, а младите од тој дел на Аеродром се оставени без место за рекреација во сред летен распуст“, велат од Левица Аеродром.

„Наместо да го одржуваат и заштитат просторот кој беше донација за децата од Аеродром, градоначалникот Дејан Митески и општинските служби дозволија игралиштето целосно да пропадне и да биде безбедносен ризик за најмладите, поради што веќе неколку деца завршија со разни повреди.

Советничката група на Левица поднесе иницијатива за итна и целосна реконструкција на игралиштето, затоа што безбедноста и здравјето на нашите деца мора да бидат приоритет, а не празни ветувања“, соопштуваат од Левица Аеродром.