Хорор во Тетово: Насилна мајка го удираше своето тримесечно бебе од асфалт

Макфакс

15/06/2026

13:30

1.027

Големина на фонт

а а а

Во Тетово е уапсена 42-годишна жена поради физичко малтретирање на своето тримесечно бебе, по пријава од очевидци. Случајот е пријавен до социјалните служби и продолжува со соодветна правна постапка.

Полицијата уапси 42-годишна жена во Тетово, откако очевидци пријавиле дека ја забележале како го удира своето тримесечно дете во асфалт.

Вчера, во Тетово, полициски службеници ја уапсиле В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а подоцна во село Сараќино, тетовско, полициски службеници го лишиле од слобода и Б.С.(37) од истото село.

Претходно, во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В.М. била забележана како физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одзеле детето и го пријавиле случајот.

За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.