Уапсен Норвежанец во касарната Илинден, рекол дека следел координати на мапа и случајно залутал

Макфакс

15/06/2026

13:30

920

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници уапсија 28-годишен Норвежанец во касарната Илинден во Скопје, кој случајно залутал во воениот објект додека следел координати на мапа, под сомнение за неовластено влегување и правење скици.

Полицијата уапси 28-годишен Норвежанец во касарната „Илинден“. Тој рекол дека следел координати на мапа и случајно залутал во касарната.


Според информациите на МВР, вчера во 15:30 часот во касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.Т.(28) од Норвешка поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Тој е задржан во Полициската станица Карпош, при што изјавил дека, следејќи координати на мапа, случајно влегол во кругот на касарната.


По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.