Болна исповед на славната манекенка: „Вчера се разбудив и имав татко, а кога отидов да спијам, него веќе го немаше“

Точка

13/06/2026

16:20

626

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка и сопруга на пејачот Џон Леџенд, Криси Тиген, споделила потресна вест со своите следбеници на социјалните мрежи – нејзиниот татко Рон починал.

Во емотивната објава таа го опишала моментот кога животот ѝ се променил за само еден ден.


„Вчера се разбудив и имав татко, а кога отидов да спијам, него веќе го немаше. Ништо не се случи ’надвор од протоколот‘. Брзо се истуширав, го собрав полнењето од играчките за кучиња, одговорив на неколку мејлови, некои ги избегнав. Се смеев со пријателите, облеков убав фустан за роденденската прослава на една другарка, снимив видео. Сладок фустан, навистина. И тогаш татко ми едноставно… проклето умре“, напишала Тајген.

Манекенката додала дека со години размислувала за тој момент, верувајќи дека ќе биде подготвена за таква вест.


„За тој повик размислував со години. ’Ќе бидам подготвена‘, си велев себеси“, признала таа.

Нејзината искрена и болна исповед допрела многумина, а пораки со поддршка почнале да пристигнуваат од сите страни на светот.