Рио ја „смени плочата“ и даде нова прогноза за мундијалската титула

Дерби

11/06/2026

16:00

273

Големина на фонт

а а а

Светското фудбалско првенство ќе биде во фокусот наредните 40 дена, турнир кој ќе се прати несекаде низ светот.

За жал Македонија не е дел од 48 селекции со обезбеди билет за мундијалот, но без разлика на тоа ќе можеме да уживаме во настанот кој се одржува во три земји-САД, Мексико и Канада.


Рио Фердинанд како познато име, ѕвезда сигурно ќе има што да каже во наредниов период, а во меѓувреме одлучи да ја промени и прогнозата за трката за титулата.

Неговиот избор беше Франција, ама сега и даде предност на Шпанија.

- Ламин Јамал во форма, Нико Вилијамс во форма и Родри во форма… Ќе треба нешто плус да се победи Шпанија. Секој ден кажував Франција, сè до денеска, - истакна Рио кој запрашан зошто го променил ставот, тој одговори:

- Не знам, само помислив дека ако тие момци се подготвени, тогаш ќе одат и ќе победат, - порача англиската легенда.