Ретката болест за малку ќе и го уништела животот: Храната со години ѝ мирисала на гнилеж и трупови

Точка

11/06/2026

16:40

526

Големина на фонт

а а а

За Бела Дејвис (21), која станала мајка како тинејџерка, чувството на осудување не било единственото нешто што ја правело несигурна и исцрпена.

На 17-годишна возраст, Бела развила малку позната состојба, но изненадувачки честа – паросмија, која сериозно ги нарушува човечките сетила.

„Со текот на годините, некои мириси се менуваа“

Во текот на 2022 година, млада жителка на Јута одбивала поголем дел од храната бидејќи истата ѝ мирисала на „гнилеж“ и „мртви луѓе“. Набргу, лекарите ѝ дијагностицирале паросмија.

Експертите проценуваат дека ова нарушување погодува повеќе од три милиони Американци, а во случајот на Бела, симптомите траеле со години, во текот на три бремености.


„Не претерувам кога велам дека сè ми мирисаше и имаше вкус на она што би го замислиле како скапани човечки остатоци“, истакнала таа.

„Со текот на годините, некои мириси се менуваа. На пример, цигарите ми мирисаа на скапани кикиритки. Сè што содржеше кромид, лук или месо беше сосема неприфатливо. Другите јадења беа донекаде подносливи, но никогаш немаа нормален вкус. Секогаш беше напорно да се јаде“, додала таа.

Бела открила дека за време на третата бременост дневно јадела 12 тврдо варени јајца за да преживее и дека во тие моменти го затворала носот со прстите.

„Беше брутално“, признала таа.

Симптомите на нарушувањето се појавиле кратко откако забременила со своето прво дете, кое сега има три години, пренесе „Дејли мејл“.


Развила хипогликемија и анемија

Првите неколку месеци не можела да јаде или да пие вода, преживувајќи благодарение на хранливите материи што ги добивала преку инфузија.

По некое време, чувството за мирис и вкус се подобрило – сè додека не забременила по втор пат, а симптомите се повториле и за време на третата бременост.

„Беше срамно и го уништи квалитетот на мојот живот. Преживеав затоа што секогаш мислев дека ќе помине, но не помина. Почнав да прифаќам дека ова е мојот живот засекогаш“, рекла таа.

Покрај храната, паросмијата влијаела и на мирисите. Бела рекла дека не можела да биде во близина на свеќи, сапун, дезодоранс, парфем или нешто со „силна нота“.


Поради проблеми со храната, таа развила хипогликемија (низок шеќер во крвта) и анемија (низок број на црвени крвни зрнца). Ова почнало да влијае на нејзината способност да се грижи за децата.

„Морав да ја напуштам собата и да се заклучувам во спалната соба кога семејството ќе приготвуваше храна. Понекогаш поради тоа ја напуштав куќата. Се чувствував како товар. Не можев доволно да се грижам за децата кога стануваше збор за храна и мразев што постојано ме гледаа болна“, раскажала таа.

Паросмија се јавува кога рецепторите за мирис во носот не ги препознаваат мирисите или ги детектираат погрешно. Причините вклучуваат бактериски или вирусни инфекции, повреди на главата, одредени невролошки состојби и ковид-19.


„Не можам да го објаснам моето закрепнување

Повеќето луѓе кои ја развиваат оваа состојба со текот на времето го враќаат нормалното чувство за мирис, но кај помал број промените можат да бидат трајни.

Лекувањето на паросмија вклучува промена на факторите на животната средина (чад, лекови, хемикалии), употреба на лекови за ублажување на симптомите, хируршко отстранување на оштетените рецептори за мирис или терапија со „тренинг за мирис“.

Овој „тренинг“ подразбира мирисање на различни супстанции неколку секунди – двапати дневно во текот на неколку месеци – со цел повторно да се активираат рецепторите за мирис.

За Бела, терапијата вклучувала инјектирање анестетик на дното од вратот за да се „ресетира“ симпатичкиот нервен систем. Чинечла околу 2.000 долари, но, за жал, не функционирала.


Како што рекла откако почнала да ја прифаќа новата реалност, речиси преку ноќ, пред шест месеци, нејзината паросмија целосно исчезнала.

„Не можам да го објаснам моето закрепнување на друг начин освен дека тоа беше Божја интервенција“, истакнала таа.

Сега може да јаде сè, вклучително и бургери.

„Почувствував возбуда кога го каснав бургерот. Го изедов цел и зедов уште еден. Сè уште не можам да верувам дека јадам нормално“, заклучила Бела.