Една од најубавите грчки плажи ќе биде затворена летово: Поставени бариери за посетителите

Точка

11/06/2026

11:49

833

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите плажи во Грција, Наваџо на Закинтос, ќе биде затворена цело лето од безбедносни причини.

Плажата Наваџо на популарниот остров Закинтос често се вклучува на листата на 50 најубави плажи во светот. Сепак, туристите нема да можат да ја посетат оваа година бидејќи моментално е затворена до 31 октомври поради ризик од одрон.


Плажата позната по руина од брод што наликува на пиратски брод, ќе биде целосно недостапна за посетителите од безбедносни причини, но ќе може да се види од видиковецот кој се наоѓа над плажата.

Имено неодамна била спроведена нова проценка на ризик во областа по инцидентот од минатата недела кога американски турист паднал од карпа и се повредил.

Според „FTN News“, властите соопштиле дека одроните на камења и лизгањето на земјиштето значат дека плажата во моментов е небезбедна за посетителите.


За да се спречи пристапот на луѓето, голем број бариери се поставени на сите пристапи што водат до заливот. Овие бариери ќе останат во текот на целото лето.

Ова не е прв пат да се постави прашањето за безбедноста на таа плажа. Во 2018 година, плажата била накратко затворена откако дел од карпата се срушил и повредил неколку туристи.

Исто така, во септември 2022 година, земјотрес со јачина од 5,4 степени предизвикал големо свлечиште, што ги принудло локалните власти целосно да ја затворат плажата за одреден временски период.


Засега не е познато дали плажата ќе биде повторно отворена на 31 октомври или забраната за пристап ќе биде продолжена и по тој датум.