Во Скопје вчера се случи сообраќајна незгода каде велосипед удри во пешак, кој претрпе тешки повреди и беше пренесен во градската болница „8 Септември“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 18:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Народен фронт“ во Скопје велосипед удрил во пешакот Х.А.(83) од Скопје, по што велосипедистот го напуштил местото.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







