Приведени девет албански државјани во Дебар: Работеле без документација за престој

Макфакс

11/06/2026

14:10

122

Големина на фонт

а а а

Девет албански државјани беа приведени во Дебар поради работaње без уредна документација за престој, како и нелегални градежни активности, по што ќе следи соодветен правен поднесок.

Вчера во 11:30 часот на улицата „Бајрам Цури“ во Дебар, полициски службеници привеле девет албански државјани.

При контрола извршена од полициски службеници и трудовата инспекција, констатирано е дека тие немале уредна документација за престој во земјава и дека спротивно на законските одредби, вршеле градежни работи на подрачјето на Дебар.

По целосно документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок.