Тешко повреден 21-годишен кумановец: Изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа

Макфакс

11/06/2026

14:10

127

Големина на фонт

а а а

Во Кратово вчера попладне 21-годишен кумановец тешко се повредил откако изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа. Повредениот е пренесен во Ургентен центар каде му се констатирани тешки телесни повреди, а увид ја изврши полицијата.

Вчера во 18:35 часот во ОВР Кратово е пријавено дека магистралниот пат село Страцин, кратовско, кај место викано „Поповски рид“, 21-годишниот М.Т. од Куманово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.