Изгаснат пожарот во Штип

Макфакс

11/06/2026

08:40

157

Големина на фонт

а а а

Во Штип е изгаснат пожарот што избувна на ридовите над градот, без употреба на авиони, а на терен беа преземени мерки за спречување на ширење кон околните населби и црквата Свети Спас.

Пожарот што вчера попладне избувна на ридовите кај викенд-населбата Плуждино, над градските гробишта во Штип, е целосно локализиран, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Оттаму посочуваат дека во гаснењето не биле ангажирани авиони, бидејќи за тоа немало потреба.

Пожарот во текот на ноќта почна да се шири кон населбите Кадидере и Ридарска Чешма во штипско Ново Село, како и кон црквата „Свети Спас“, поради што надлежните служби беа на терен и преземаа активности за негово ставање под контрола.