ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе одлука за избор на 3 нови членови на ИК

Макфакс

10/06/2026

21:34

206

Големина на фонт

а а а

Центарскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди новите претседатели на општинските комитети и избра тројца нови членови на Извршниот комитет, притоа нагласувајќи ја реорганизацијата за подобри резултати во Македонија.

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени нови 3 членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев.

Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет. Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти во интерес на граѓаните.

Зоранчо Јованчев е пратеник во собранието и поранешен претседател на ОК Кавадарци. Докажан кадар кој со своето искуство ќе придонесе кон нови победи на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија, велат од партијата.